Првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески ќе се прикажува во Струга, Штип и Прилеп

Првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески, „Јанѕа“, на 16 ноември за прв пат ќе биде прикажан во Струга.

Филмот снимеан според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, во режија на истакнатиот македонски документарист Никола Т. Калајџиски, ќе се прикажува во 18 часот во НУ Центар за култура „Браќа Миладиноци“ во Струга. Следната проекција е закажана на 17 ноември во 19 часот.

Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“, а продуцент е Златко Димески.

Режисер и сценарист на филмот е Никола Т. Калајџиски. Монтажата е на Аристид Филактов, додека композитор на музиката е Златан Миливоевиќ, а дизајнер на звук е Дарко Спасовски. Како директори на фотографија се јавуваат Дејан Димески и Петар Кочишки.

Филмот се остварува сo поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија. По премиерите во Скопје и Битола, филмот го продолжува својот пат во останатите наши градови.

Филмот „Јанѕа“ е подготвуван и сниман во период од три години и го следи животот и делото на професорот, академик, поет и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески. Огромното значење на делото на Конески за македонската култура и наука и воопшто за нашата држава се претставува преку кажувањата на повеќе истакнати академици, универзитетски професори и воопшто научници / истражувачи од областа на македонистиката и воопшто од областа на лингвистиката, книжевната наука и културологијата, вклучително и странски македонисти кои важат за познавачи на делото на великанот – негови современици и потомци.

Сценаристот и режисер на филмот, познатиот документарист Калајџиски, зад себе има кариера со голем број документарни филмови кои се прикажувани на домашни и меѓународни фестивали. Овој негов најнов филм, посветен на централната личност на македонскиот XX век, се очекува да фрли нова светлина врз ликот и делото на Конески, затоа што не само што во целост го претставува неговиот влог за македонската култура и наука, како и воопшто за современата македонска држава, туку опфаќа и димензии на неговата личност кои не се многу коментирани во досегашните осврнувања за великанот и малку познати сегменти од неговата биографија. 

Во наредните месеци следуваат проекции на филмот во Штип на 28 ноември како и во Прилеп на 13 декември.

Филмот „Јанѕа“ имаше премиера на 19 април годинава, во Градско кино Милениум во Скопје.

Remote video URL
реклама

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

Филм & ТВ

Ема Стоун ветува екцентрична изведба во новиот филм Poor Things

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Бредли Купер со задоволство повторно би глумел во франшизата The Hangover

Read more

Сè што е погрешно со Barbie

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ема Стоун ветува екцентрична изведба во новиот филм Poor Things

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Бредли Купер со задоволство повторно би глумел во франшизата The Hangover

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со Barbie

Читај повеќе

Македонската претставничка на детската Евровизија, Тамара Грујеска, заврши на 12-то место

Читај повеќе

Бредли Купер откри каде ги поминува празниците и со тоа ги изненади сите

Читај повеќе

Поранешна манекенка го тужи Ексл Роуз за сексуален напад од пред 34 години

Читај повеќе

Кој би го препознал како студент денес еден од најдобите актери во историјата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трејлер за 4K ремастерираниот The Abyss на Џејмс Камерон

Читај повеќе