Првиот електричен автомобил на Subaru ќе биде SUV модел кој ќе се продава на европскиот пазар под називот Solterra.
Возилото е базирано на електричната платформа e-TNGA која заеднички ја развија Subaru и Toyota. Името Solterra е симболично и е комбинација од латинските зборови за „сонце” и „земја” за да се оддаде почест на мајката природа и дополнително да се промовира соживотот со неа.
Oваа платформа е развиена за да биде прилагодлива и да може да овозможи производство на возила со различни големини, да може да се користи за возила со преден и заден погон и да биде компатибилна со батерии со разни големини.
Техничките детали се уште мистерија, а Solterra ќе пристигне на европскиот пазар наредната година.