Првите вакцини ќе стигнат наредните денови, почна пријавувањето за имунизација

Антиковид-вакцините на Pfizer кои ни ги отстапи Србија, а неколку недели чекаа на одобрение од производителот за да влезат во земјава, ќе пристигнат наредните денови и ќе бидат првите 8.000 со кои и кај нас ќе почне имунизацијата. Првично беше договорено примопредавањето на донацијата на вакцини од Србија да се изврши во текот на денешниот ден, од српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев, на граничниот премин Табановце, но беше одложено, како што информираа доцна синоќа од кабинетот на Вучиќ, заради неопходна дополнителна техничка документација.

Заев вчера изјави дека за пет дена се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската Sinopharm. Нив ги очекуваме на 15 или 16 февруари, земјава го регулира плаќањето за, како што рече премиерот, да може да се испланира пакувањето, обезбедувањето на превозот од Кина до Скопје. Од понеделник, односно во втората половина на месецов, треба да ги добиеме и првите дози од „Фајзер“ од директно склучениот договор со овој производител.

– Отворени ни се механизмите на набавка на Pfizer, AstraZeneca и Moderna преку КОВАКС системот. Преку ЕУ секој ден очекуваме ново решение. Комесарот Вархеји најави 70 милиони евра, зборува дури и за авансно плаќање, само час поскоро да стигнат вакцините за Западен Балкан, рече Заев.

За пријавување за вакцина против COVID-19, заинтересираните граѓани од вчера може да се регистрираат на веб-страницата https://vakcinacija.mk, за која имаше проблеми во функционирањето и се правеа завршни технички прилагодувања за целосна функционалност. Министерот Филипче синоќа на Facebook соопшти дека за само неколку часа на веб-страницата се регистрирале повеќе од 8.000 граѓани.

На наведената веб-страница граѓаните треба да пополнат апликација за искажување заинтересираност за вакцинација против COVID-19, со што директно ќе се регистрираат во националниот систем „Мој Термин“.

– Сите апликации кои ќе пристигнат ќе бидат внесени во оваа база, со што ќе се ажурира податокот кој за секој пациент го гледа матичниот лекар. Нема потреба дополнително пациентите да го бараат или информираат својот матичен лекар дека се регистрирале за да примат вакцина. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ги повика и ќе ги информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата,  информираше Министерството.

Може да се пријави секој граѓанин, а системот ќе генерира кои се приоритетни за вакцина. Вакцинацијата ќе почне со здравствените работници и со лица над 70 години.

Институтот за јавно здравје за периодот од 1 до 7 февруари бележи 4,8 отсто зголемување на бројот на тестирања во однос на претходната недела и 4,1 проценти повеќе позитивни случаи, односно за седум дена имало 2.120 нови позитивни од 34 градови во земјава. Најзастапена е возрасната група над 60 години (26,8 отсто), а следна по бројот на заразени е возрасната група од 30 до 39 години (19,9 отсто).

Зголемување од 3,1 отсто во однос на минатата недела има и кај смртните случаи причинети од COVID-19, од 1 до 7 февруари биле пријавени 66 смртни случаи од 21 град.

ИЈЗ вчера соопшти дека според анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број нови варијанти на вирусот кои претходно ги немало кај пациентите во нашата држава. Во текот на минатата недела до Институтот се пријавени 649 материјали секвенционирани за присуство на британскиот сој на SARS-CoV-2 од три лаборатории ( ИЈЗ, „Жан Митрев“ и МАНУ), а Министерството за здравство соопшти дека од нив, 56 се позитивни за присуство на новиот сој. Од овие резултати е забележано дека британскиот сој е присутен во осум градови, а најмногу се откриени во Охрид (25), Прилеп (10) и Кавадарци (4).

Во земјава вкупно се хоспитализирани 591 пациент позитивни и сомнителни на коронавирусот – во главниот град се 257, а во ковид-центрите во болниците низ земјава лежат 334. На располагање се околу 490 празни болнички кревети за ковид-пациенти.

Нови 389 случаи на COVID-19 беа евидентирани вчера во дневната статистика, потврдени од 2.445 направени тестирања во 24 часа. Починаа 4 пациенти на возраст од 65 до 87 години. Регистрирани се 998 оздравени пациенти.

Од почетокот на епидемијата во земјава, пред речиси една година, направени се 476.725 тестирања. Бројот на дијагностицирани достигна 95.736, оздравени се 86.844, а починати 2.959 луѓе. Активни случаи има 5.933, од кои  2.778 се во Скопје.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе