Прво „Драјв ин синема“ вечерва во Велес

Во организација на Младинското здружение Transparent Future, со подршка на Општина Велес и спонзори, вечер во 22 часот на паркингот пред маркетот „Кид Го“, поранешен ТУШ, ќе се одржи кино-проекција на отворено која ќе може да се проследи од автомобил. Прикажан ќе биде филмот „Судар“.

Пред проекцијата ќе настапи ДЏ Попај, а собраните средства од настанот ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Како што информираат од Општина Велес, идејата за организарање на првото Drive in cinema од отворен карактер во земјава е резултат на креативноста на група млади ентузијасти, кои сакаат со иновативни идеи да придонесат за разни можности за рекреација и забава на младите, па и на повозрасните во оваа летна сезона.

Младинското здружение Transparent Future предвидува реализирање различни настани од општествен и хуманитарен карактер за да им овозможи на младите корисно да го исполнат своето слободно време.

„За да го заштитиме јавното здравје и да покажеме свест и одговорност во овие тешки времиња, организаторите и ние како Општина, препорачуваме почитување на сите мерки пропишани од Министерството за здравство, со цел заштита и превенција од ширење на вирусот“, велат од Општина Велес.

„Оваа идеја дојде како резултат на креативност на група млади ентузијасти, кои сакаат да придонесат со иновативни идеи на животот и делувањето на младите луѓе внатре и околу Велес. Иако овие млади луѓе професионално се разновидни, успеаја да се сплотат во нова уникатна младинска организација – Transparent Future, со цел да создаваат проекти и настани од општествен и хуманитарен карактер, и придонесат можности младите да го разубават своето место на живеење без потреба на политичка активност“, велат од Transparent Future.

Паркингот ќе биде отворен во 20:30 часот, а проекцијата ќе почне од 22 часот. Треба да се резервира место, бидејќи просторот е со ограничен капацитет, а билетите чинат 150 денари.

Местоположбата на возилата ќе биде според типот и големината на истите, поради подобра визуелност. Броеви за резервација се 078/265-516 и 078/430-356.

Од Transparent Future исто така повикуваат на следење на овие препораки:

Осигурете се дека вашиот радио приемник работи пред доаѓањето бидејќи аудио звукот од филмот ќе се пренесува преку радио фрекфенција.

Мерки за превенција:

-           Бидете максимално 2 лица во вашето возило

-           Носете заштитни маски при влез и за време на проекцијата на филмот

-           Возете максимално 10 километри на час откога ќе влезете во просторот на Drive – IN Cinema

-           Доколку е потребно да одите до тоалет, носете маски и ракавици, застанете на означените места затоа што сите треба да се грижиме за јавното здравје.

-           Следете ги поставените редари, знаци и инструкции

-           Паркирајте се на означените места

-           Ве молиме осигурете се и исклучете ги вашите светла по вашето паркирање

-           Доколку немате потреба, ве замолуваме да не отстапувате од внатрешноста на вашето возило

-           Не седете на вашите автомобили да не им пречите на другите околу вас.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе