Прво, па онлајн! Галичник филм фестивал почнува на 28 август

Александра Спасеска
/ 24.08.2020 / 12:50

Првото издание на Галичник филм фестивал ќе се одржи онлајн од 28 до 30 август, а публиката може да очекува 700 минути врвно филмско уживање.

Во официјалната селекција влегоа 50 краткометражни филмови од цел свет, сместени во следните категории:

  • Играни краткометражни филмови
  • Документарни краткометражни филмови
  • Анимирани краткометражни филмови

Програмата ќе биде целосно онлајн и целосно бесплатна за публиката, преку креирање профил на Cinesquare. За повеќе информации, кликнете ТУКА и ТУКА.

Во рамки на програмата на фестивалот ќе се одржи Работилница за развој на сценарио за долгометражен филм. Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, а се реализира во соработка со МЗ Галичник.

Заинтригирани од програмата, но и љубопитни за организирањето прво издание на фестивал во услови на пандемија, разговаравме со Марко Црногорски, програмски директор на Галичник филм фестивал.

Прво па онлајн! Колкав беше предизвикот да се организира првото издание на фестивал кој си го планирал со месеци, токму во пандемија и плус во онлајн формат?

Првите подготовки за фестивалот почнаа пред точно една година и морам да признаам дека беше  предизвик и бевме поставени пред огромно искушение како во овие услови да се огранизира фестивал за кој не знаете дали и во каков формат ќе се одржи и кој ќе биде безбеден за публиката и организаторите, но и достоен за авторите на избраните филмови, на кои им должиме посетеност и публика. За доброто на сите решевме тоа да биде онлајн, бидејќи не сакавме да ја оставиме публиката без можност да ги погледне овие 50 краткометражни филмови за кои навистина вреди да се одвои време.

Зошто токму краткометражен филм?

Сакавме да почнеме со краткометражни филмови кои ќе се натпреваруваат за награди и ревијално да се прикажуваат долгометражни филмови на амфитеатарот кај Упија, но откако решивме првото издание да биде онлајн ревијалниот дел од програмата отпадна и останаа само краткометражните филмови кои ги сместивме во три категории: играни, документарни и анимирани. Добивме 2.228 краткометражни филмови, па тоа мене и на селекторите ни направи малку позитивен хаос. Иако не беше лесно да се изгледаат толку филмови, поласкани сме што филмови кои биле во програмите на големи фестивали како Берлинале, Венеција, Санденс итн, препознале дека фестивал кој го има своето прво издание вреди да биде дел од нивната фестивалска биографија.

Како го замислувате Фестивалот во иднина?

Посакуваме Галичник да стане летна филмска дестинација, каде публиката ќе гледа квалитетни фестивалски филмови (како што е тоа веќе случај со првото издание) но и место каде луѓето од филмската индустрија ќе се запознаваат, ќе разменуваат контакти и искуства, ќе имаат можност да работат на нивните сценарија, да ги „пичуваат“ нивните проекти и да учествуваат во дискусии и панел дискусии, но истовремено ќе ги наполнат батериите и ќе уживаат во сите убавини што Галичник ги нуди. Многу ни е важно фестивалот да не стагнира, туку од година на година да расте, ние имаме големи амбиции и работиме напорно и тимски за да ги оствариме, секогаш имајќи ја на ум одговорноста пред галичани, достоинствено да се претставува и носи името на Галичник.

Кажете ни нешто повеќе за Работилницата за развој на сценарио за долгометражен филм.

Ова е нешто на кое што како тим сме посебно горди, на прво издание ги имаме Франц Роденкирхен и Франсоас Вон Рој, едни од водечките експерти т.е консултанти за сценарио во индустријата. Работилницата за сценарио беше отворена за автори од регионот зашто сметавме дека европските сценаристи и режисери имаат можност полесно и почесто да присуствуваат на нивните работилници. Добивме многу квалитетни сценарија и навистина беше тешко да се изберат само четири, но тоа е концептот (Script Circle) каде многу интензивно и посветено, во група се работи на избраните сценарија. Среќни сме што нашиот фестивал т.е работилницата ќе биде едно скалило до премиера на четири проекти.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе