Психолог советува што да не правите ако детето ве игнорира

Родителите често може да се налутат или збунат кога нивното дете ги игнорира.

Но, психолозите нагласуваат дека нашите малечки знаат да нè игнорираат од неколку различни причини, а во повеќето случаи тоа нема врска со непослушност. Најчесто се случува кога детето се чувствува исклучено од нас, го прекинуваме во нешто што во моментот му е многу интересно или едноставно е збунето од нашите упатства и не разбира што точно бараме од него.

Без оглед на причината за нивната реакција, психологот Лора Андерсон Кирби за порталот Very Well Family објаснува дека игнорирањето во повеќето случаи не значи дека детето намерно не ги почитува родителите. Таа спомнува и неколку работи кои родителите никогаш не треба да ги прават доколку забележат дека нивното дете ги игнорира.

Една од најчестите грешки што ги прават родителите е да го принудат детето да направи нешто ако не игнорира. Како што објаснува психологот, во повеќето случаи детето има разбирлива причина зошто не сака да учествува, а присилувањето на родителите само ќе го направи проблемот уште поголем. Наместо тоа, неопходно е да се покаже сочувство и разбирање.

„Бидете мирни и почекајте ако видите дека детето ви одговара. Ако мислите дека не ве разбрало добро, повторете го вашето барање и замолете го детето да ги повтори вашите упатства. Имено, во случај да може да ви повтори што треба да се направи, ќе знаете дека вашите очекувања му се јасни“, објаснува Андерсон Кирби.

Исто така, психологот нагласува дека во никој случај не смеете да викате или да користите друг вид на казна.

„На тој начин можете само да предизвикате уште поголем отпор кај вашето дете, а тоа секако не е она што вие би сакале“, додала таа.

реклама

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе