Психолог споделува како да препознаеме АДХД кај децата

Како што стануваме свесни за карактеристиките и симптомите, препознавањето на АДХД станува полесно, особено кај децата.

Нарушувањето наречено дефицит на внимание/хиперактивност (АДХД) е состојба која влијае на однесувањето на една личност, особено вниманието, хиперактивноста и импулсивноста. Иако АДХД порано стереотипно се поврзуваше со непослушни или немирни деца, сега знаеме дека состојбата е многу посложена.

„Пореметувањето на дефицит на внимание и хиперактивност, или АДХД, е невро-развојно нарушување кое влијае на вниманието на една личност. Лицето кое го има обично доживува тешкотии со вниманието, хиперактивноста и импулсивноста, иако е можно да се бори со симптоми од само една од овие категории“, изјави психологот Деб Томпсон за Mirror.

Моделите на АДХД не секогаш изгледаат исто кај секое дете, но „секое дете со АДХД веројатно ќе се соочи со уникатен сет на тешкотии“, објасни неврологот Џорџија Хронаки.

„На пример, едно дете може да има потешкотии да го задржи вниманието на час, додека друго може да има потешкотии да управува со емоциите“, вели тој.

АДХД може да ја оштети самодовербата и да предизвика депресија и анксиозност

Д-р Томпсон како најчести симптоми кои родителите можат да ги забележат ја издвојува неможноста да се седи мирно без нервозно движење, прекумерниот немир, непријатност за време на тишина, тешкотијата при вклучување во потивки активности, импулсивни реакции или правење работи без размислување за последиците. Друг знак е заборавеноста, како и ситуациите во кои детето губи предмети и тешко се сеќава на задачите.

„Замислете дека навистина сакате да се фокусирате на домашната задача, но вашиот мозок не ви дозволува. Замислете дека навистина сакате да седнете и да гледате ТВ програма, или да седнете и да јадете оброк, или да седнете и да се опуштите, но вашиот мозок не ви дозволува. Светот може да биде многу фрустрирачко место за младите луѓе со АДХД, особено ако не разбираат зошто нивниот мозок работи така. Поради ова, состојбата може да има негативен ефект врз вашето дете, да ја оштети самодовербата и да предизвика депресија и анксиозност“, вели д-р Томпсон.

Ако мислите дека некој од овие знаци влијае на вашето дете или сте загрижени дека покажува симптоми на АДХД, вреди да побарате стручна помош.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе