Психолози сведочеа на судењето за убиството на ракометарот Денис Тот

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, продолжува на 9 ноември, откако денеска од страна на одбраната беа изведени докази во Основниот Кривичен суд Скопје.

На судењето беа повикани д-р Зора Митиќ, вешто лице психијатар, и д-р Соња Ефтимова, специјалист по психологија кои ја анализираа психолошката состојба на Анџело Ѓоргиевски, еден од обвинетите во процесот.

Митиќ посочи дека Анџело имал лузни на десната рака, истата со која му го задава првиот удар на Тот. Според неа, мускулатурата на овој екстремитет му е слаб, што би значело и дека ударот бил слаб.

На судењето сведочеше и Сања Ефтимовска - специјалист по медицинска психологија. Таа го опишуваше Ѓоргиевски како лице кое е пасивно во стресни ситуации

– Се работи за личност со здраво разумско логично размислување со сочуван тест на реалноста и способност за компензирано однесување. Во стресни ситуации и фрустрациони, луѓето различно реагираат, се виде дека Анџело е склон кон пасивизација, пие и лекови, доминираат симптоми од невротски тип состојба во која некој се повлекува некој напаѓа, тој е од тие типови кои пасивизираат, изјави Соња Ефтимова.

Повиканите сведоци за кои беше предвидено да присуствуваат на денешното рочиште, не беа присутни.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

Процесот го води судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе