Путин бара итни разговори со НАТО и САД за руските безбедносни гаранции

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повика на итни преговори со НАТО и САД за руските безбедносни гаранции во услови на тензии околу Украина.

„Владимир Путин ја истакна потребата од итно почнување преговори со САД и НАТО со цел да се утврдат правните гаранции за безбедноста на нашата земја и да се спречи идното проширување на Алијансата на исток и распоредувањето на вооружените системи во Украина и соседните земји што би биле закана за Русија“, се наведува во соопштението на Кремљ објавено по телефонскиот разговор на Владимир Путин со финскиот претседател Саули Ниист.

Финска е долгогодишен посредник меѓу Русија и западните ривали.

На нивната последна онлајн средба минатата недела, рускиот претседател побара од американскиот колега Џо Бајден правни гаранции за да се исклучи какво било ново проширување на НАТО, бидејќи Москва смета дека Западот го прекршил своето ветување со отворањето на вратите на Алијансата за земјите од Источна Европа и поранешниот СССР, по распадот на Советскиот Сојуз.

Во таа смисла, евентуалното членство на Киев во Алијансата Русија ќе го смета за црвена линија.

Русија го анектира Крим, украинскиот полуостров, како одговор на прозападната револуција во 2014 година, а Западот во моментов се сомнева дека Русија подготвува нова инвазија на Украина и натрупува свои сили на заедничката граница.

Кремљ ги негира обвинувањата и, напротив, тврди дека НАТО ѝ се заканува на Русија со вооружувањето на Киев и распоредување на сѐ поголем број воздушни и поморски сили во областа на Црното Море.

Путин, исто така, ги обвини украинските власти дека го прекршуваат договорот од Минск, кој содржи насоки за воспоставување мир во Источна Украина (Донбас), каде Киев речиси осум години војува со проруските бунтовници, за кои се верува дека добиваат наредби од Кремљ.

реклама

Што е сексомнија?

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе