Путин ја пофали соработката со Казахстан, Ердоган и иранскиот претседател го повикаа Западот

Макфакс
/ 09.11.2023 / 19:12

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Казахстан ги пофали билатералните односи со таа земја, која ја оцени како негов „најблизок сојузник“, а за која се сѐ позаинтересирани големите сили кои сакаат да го поткопаат традиционалното влијание на Москва во Централна Азија.

Во соседен Узбекистан на економскиот самит турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган заедно со иранскиот претседател Ебрахим Раиси упатија нови критики до Западот поради ситуацијата во Газа.

Во Астана, главниот град на Казахстан, Владимир Путин и неговиот колега Касим-Жомарт Токајев изразија задоволство од односите меѓу двете земји во сите области, иако казахстанскиот претседател ги негува односите со Западот, Кина и Турција.

„Ние не сме само сојузници, туку и најблиски сојузници“, рече Путин, кој е редовно присутен во Централна Азија по инвазијата на Украина, а Токајев го пофали „непоколебливото пријателство“ меѓу Русија и Казахстан.

Посетата на Путин се случува една недела по посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Казахстан, при што беа потпишани важни договори во областа на енергетиката. Казахстан ќе ја снабдува Кина и со ураниум.

Ердоган: Западот е лицемерен, го гледа масакрот во Газа

Во Ташкент, главниот град на Узбекистан, лидерите на девет земји се собраа на самитот на Организацијата за економска соработка, каде турскиот претседател Ердоган го обвини Западот за „лицемерие“ во однос на ситуацијата во Појасот Газа.

„Западните земји, кои постојано зборуваат за човекови права, слободи и демократија, оддалеку го набљудуваат целиот масакр извршен од Израел“, рече тој, уверувајќи дека забележал „многубројни примери на лицемерие“.

Со сличен тон, иранскиот претседател Ебрахим Раиси го обвини Западот дека е одговорен за ситуацијата во Газа, по едномесечната војна меѓу Израел и Хамас.

„Исламската Република Иран верува дека целосната поддршка на Западот, особено на американската влада, за ционистичката инвазија на Газа е причина што ова злосторство продолжува“, рече Раиси, кој разговараше за ова прашање во Таџикистан во средата со својот колега Емомали Рахмон.

Освен за Газа, на самитот се разговараше и за соработка во областа на хуманитарната помош и транспортот, бидејќи тие земји се обидуваат да добијат излез до морето, пред сѐ преку Пакистан, кој на средбата го претставуваше премиерот.

„Светската политичка архитектура се менува пред нашите очи“, рече узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијоев, кој исто така повика на зајакнување на трговијата меѓу земјите од Организацијата за економска соработка.

Русија сè уште е незаменлив партнер на Централна Азија и се обидува да го потврди своето присуство, пред сѐ во областа на енергетиката, откако европскиот пазар беше затворен поради санкциите на Западот поврзани со инвазијата на Украина.

Москва на тој начин започна големи енергетски проекти, како што е испораката на гас за Узбекистан преку Казахстан и се позиционира во проектите на нуклеарни централи и хидроцентрали во неколку земји во регионот, со цел да им конкурира на Европа и Кина.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Read more

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Read more
 

Вести

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Читај повеќе

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе