Путин: Неприфатливо е отстранувањето споменици на советски војници

Б.С.Б.
/ 09.09.2022 / 14:26

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека за Русија е неприфатливо тоа што во некои земји се отстрануваат споменици на советски војници.

„Со болка во срцето гледаме како во некои советски земји се отстрануваат споменици на советски војници кои ги дадоа животите за слободата на нивните народи“, изјави Путин.

Преку видеопорака тој им се обрати на учесниците на церемонија на отворање на обновен меморијален комплекс во Доњецк.

„За Русија сето тоа е незамисливо. Ние сме телата на нашите предци. И обновувањето на меморијалот на заштитниците на Донбас, херојството на нашите војници, офицери и востаници е предупредување за сите оние кои се откажаа од нивните предци и ги заборавија лекциите од историјата“, се наведува во соопштение на рускиот претседател.

Тој нагласи дека Русите ги паметат своите роднини, оние на фронтот и нивните соборци, и во нивна чест Русија чува и обновува меморијални комплекси и никогаш не може да сфати ни прифати да се уништи и урне тоа што претставува сеќавање на јунаштвото на предците, нивните храброст, страдање и жртвување.

„Овде семејно се одбележуваше Денот на победата, задолжително се доаѓаше на 8 септември на годишнина на ослободувањето на Донбас од нацистите. Но, од 2014 година спокојниот и мирен живот во таа област е завршен“, се наведува во соопштение.

Путин им се заблагодари на сите кои учествуваа во реставрација на комплексот, истакнувајќи дека идејата се родила уште пред неколку години.

 

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе