Путин патува надвор од Русија - ќе го нема 24 часа

Рускиот претседател Владимир Путин планира утре да ги посети Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, изјави денеска неговиот портпарол, без да ги потврди гласините за можна посета на климатската конференција COP28 во Дубаи.

Еден ден подоцна, во четврток, Путин ќе биде домаќин на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во Москва, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Патувањето ќе трае само 24 часа“, изјави Песков за руската новинска агенција Интерфакс.

Работните посети на двете земји ќе бидат фокусирани на билатералните односи, но ќе се разговара и за натамошна координација на пазарот на нафта, додаде Песков.

Советникот на Путин за надворешна политика Јуриј Ушаков вчера ги најави работните посети на Путин, но не го прецизираше денот, ниту пак даде дополнителни детали.

Неодамна, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК+), чија членка е Русија, одлучи дополнително да го намали производството на нафта со цел да ги одржи високите цени. Но, и покрај ваквата одлука, цената на нафтата продолжува да паѓа. Запрашан за тоа, Песков објасни дека е можно подоцна да се види ефектот од таквите одлуки. Координацијата на мерките за стабилизирање на пазарот секако ќе продолжи, рече тој.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Свет

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Read more

Втор свиркач на Boeing почина во период од два месеца

Read more
 

Вести

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе