Путин патува во земја, членка на НАТО за прв пат од почетокот на војната

Макфакс
/ 05.02.2024 / 08:05

Турскиот претседател Тајип Ердоган ќе разговара за новиот механизам за извоз на украинско жито преку Црното Море со рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата претстојна посета на Турција, откри министерот за надворешни работи Хакан Фидан. Средбата се очекува на 12 февруари, изјави претходно турски претставник.

Тоа е прво патување на рускиот лидер во земја членка на НАТО по инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година.

Има напори да се изнајдат „нови начини“ за транспорт на украинското жито на светските пазари, како и да се „конкретизира“ таа можност, изјави Фидан во интервју за телевизијата А Хабер, додавајќи дека Ердоган ќе го покрене ова прашање на средбата.

Фидан рече дека некои бродови веќе успеале да превезат украинско жито од Црното Море, дури и без договор, и дека Турција сака да ја „разјасни“ таквата ситуација со нов механизам. Анкара се обидува да ја убеди Русија повторно да се приклучи на Црноморската иницијатива за жито, од која се повлече во јули 2023 година, една година откако беше покрената со посредство на ОН.

Од Киев велат дека се водат разговори за заживување на договорот, додека Москва оценува дека нема изгледи за негово повторно воспоставување.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе