Путин: Вакциниран сум со Спутник V, по втората доза имав температура

Рускиот претседател Владимир Путин денеска откри дека, по негов избор, ја примил руската вакцината против коронавирус Спутник V.

Рускиот претседател, кој денеска одговара на прашања од руските граѓани, кажа дека бил замолен да не кажува која вакцина ја примил за да не создаде конкуренција, но потоа, сепак, призна дека станува збор за вакцината Спутник V, што беше развиена од рускиот Инвестициски фонд во соработка со институтот Гамалеја.

Оваа руска вакцина беше првата регистрирана вакцина во светот против COVID-19.

– Донесов одлука да се вакцинирам со Спутник V, затоа што нашите вооружени сили се вакцинирани со оваа вакцина, а јас, сепак, сум врховен командант. По приемот на втората компонента од вакцината вечерта имав температура од 37,2 степени, а веќе утрината имав 36,6 степени, откри Путин.

Рускиот претседател додаде дека имунолошкиот тест покажал дека по вакцинирањето кај него има високо ниво на заштита од коронавирус.

Тој, исто така, истакна дека е против задолжителната вакцинација и дека „луѓето по неа се уште се соочуваат со инфекцијата, но дека болеста полесно се поднесува или е без последици“.

– Како што гледаме, кај нас сè е во ред. Фала му на Бога, немаме трагични ситуации по вакцинирањето, како на пример по употребата на AstraZeneca или Pfizer, рече Путин. 

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more
 

Вести

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе