Путин: Вежбата на САД во Црното Море е провокација

Рускиот претседател Владимир Путин ја нарече „провокација“ воената вежба на Вашингтон и НАТО во Црното Море, во вчерашниот телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон, соопшти Кремљ.

Во разговорот, Путин „укажа на провокативната природа на големата вежба што ја спроведуваат САД и некои од нивните сојузници во Црното Море, што ги зголемува тензиите меѓу Русија и НАТО“, се вели во соопштението на Кремљ.

Путин: Киев води деструктивна политика

Се чини дека рускиот претседател го таргетирал учеството на неколку американски воени бродови во вежбата во Црното Море за која Москва минатата недела рече дека ја „следи“, а Путин ја нарече „сериозен предизвик“.

Неговата најнова критика доаѓа во време на зголемени тензии околу конфликтот во Украина кој се прелева во Црното Море.

Ситуацијата во таа област е многу напната, откако Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим во 2014 година. Украина веќе седум години води војна со проруските бунтовници на истокот на земјата.

Тензиите дополнително се зголемија во последните денови, бидејќи САД и ЕУ изразија загриженост поради неодамнешното распоредување на руски сили на границата со Украина.

Во телефонскиот разговор со Путин, Макрон ја изразил својата „силна загриженост“ и „подготвеност да го брани“ територијалниот интегритет на Украина, соопшти кабинетот на францускиот претседател.

Путин, пак, го обвини Киев дека води „деструктивна политика“, спомнувајќи ја неговата „неодамнешна употреба на беспилотни летала во зоната на конфликтот“, соопшти Кремљ.

Remote video URL

Пентагон: Воената акција на Русија во Украина и понатаму е загрижувачка

Во Вашингтон, портпаролот на Пентагон Џон Кирби ги отфрли критиките за воената вежба на САД.

Руската воена акција во близина на Украина „продолжува да нѐ загрижува“, рече тој.

Кирби истакна дека САД се транспарентни во својата воена вежба и објавуваат соопштенија за печатот во врска со тоа, заедно со сеопфатни информации и фотографии.

„Сите наши вежби имаат одбранбен карактер и се составен дел од нашите сојузи (...) во регионот“, рече тој.

„Од руска страна, нема транспарентност во однос на акумулацијата на силите на западот на нивната земја“, додаде тој.

По анексијата на Крим во 2014 година, повеќе од 13.000 луѓе загинаа во украинскиот конфликт.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе