Компанијата Lenovo се подготвува да ја претстави рачната конзола Legion Play која го користи оперативниот систем Android.
Legion Play ќе биде ривал на рачната конзола Steam Deck како и на Nintendo Switch. Компанијата Lenovo требаше да го претстави својот модел за време на Mobile Word Congress, но тоа не се случи.
Уредот е опишан како Android cloud gaming конзола која им овозможува на гејмерите да играат видеоигри на мобилните уреди и да прават стрим на своите PC игри, а сето тоа во еден уред.
Legion Play има 7-инчен FHD екран со HDR 10 поддршка и формат 16:9. Има два звучника, а го напојува батерија од 7.000 mAh.
Конзолата користи модифицирана верзија на Android, a поддржува и Nvidia GeForce Now платформа.
Наскоро ќе дознаеме кои стриминг сервиси ќе ги поддржува конзолата, како и остатокот од спецификациите.