Радев – Пендаровски: Европската иднина на Северна Македонија има перспектива

„Европската иднина на Северна Македонија има перспектива. Двете држави треба да работат со уште поголема доверба и дијалог, да ги решат работите заедно“, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој заедно со македонскиот претседател Стево Пендаровски е во Рим по повод чествувањето на сесловенските просветители Килрил и Методиј.

Радев уште еднаш повтори дека во разговорите за надминување на проблемот нема потреба од европски посредници.

– Нема потреба европска земја да се вклучи, ќе ни треба преведувач. Зошто ни е преведувач?, рече Радев.

Тој нагласи дека Бугарија е подготвена да работи на градење мостови меѓу двете земји и на зближување на двата народа.

– Можам да ве уверам дека Бугарија е подготвена да работи на градење мостови меѓу двете земји, за развивање на економските, образовните, трговските и културните врски и за најважното, за зближување на двата народа, потенцира бугарскиот претседател.

Претседателот Пендаровски, пак, порача дека напредок и прогрес е возможен само ако во дијалог веруваат двајца рамноправни соговорници, без потценување, со меѓусебна почит.

– Тоа што сме денеска заедно со Радев не е случајно. Сакаме да покажеме дека и на Балканот има луѓе, политичари кои може да зборуваат со европски јазик, за предизвиците, но  и за иднината. Во Радев најдов соговороник со кој можам да зборувам на ист јазик, европскиот, што може да донесе посветла иднина за нашите две земји, истакна Пендаровски.

Заедничкото чествување на Кирил и Методиј, шефот на македонската држава го нарече нова динамика во билатералните односи.

– Ова е една нова динамика во нашите билатерални односи која се надевам ќе биде продолжена, напомена Пендаровски.

Одговарајќи на прашање од бугарски новинар, Пендаровски рече дека го поддржува Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија од 2017 година, од збор до збор. 

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе