Рајски остров во Грција за кој агенциите немаат понуда

Елафонисос е мал остров во Грција кој се наоѓа во близина на Пелопонез, а поради својата убавина го нарекуваат „грчки Малдиви“.

Некогаш на овој остров слободно трчаа кози и престојуваа искусни кампери, а денес многу луѓе сакаат да го посетат овој рајски остров кој се простира на 19 квадратни километри.

Елафонисос лежи во заливот помеѓу Пелопонез и островот Китира, и е познат по плажите со ситен бел песок и кристално чиста, смарагдна вода.

Островот Елафонисос е на нешто повеќе од 1.030 километри од Скопје, а од местото Поунт треба да се качите на траект кој ќе ве однесе до островот. Иако маѓепсува со својата убавина, островот е малку познат на туристите од Македонија и речиси никогаш не може да се најде во понудата на нашите агенции.

Во сезона, островот го посетуваат до 3.000 луѓе, а на главната улица има различни ресторани и таверни во кои можете да уживате во традиционалната грчка храна, како и риба и морски плодови.

Додека престојувате на овој мал остров, по мост можете да стигнете и да го посетите средновековниот град и тврдина Монемвасија, која се наоѓа на голема карпа. На самиот влез на островот ќе ја видите црквата од 19 век, Агиос Спиридона. До црквата може да се види споменик на срната по кој островот го добил името, а покрај црквата срните се сметаат за заштитници на ова место.

Remote video URL

Најпознати плажи се Саракинико, Фрагос (Симос) и Панагиас Нисија. Долги се, песочни и пространи, па дури и во екот на сезоната можете да најдете место за вас. Она што секако остава впечаток е чистото тиркизно море во кое со големо задоволство ќе пливате. Многумина кои го посетуваат овој скриен рајски остров одлучуваат дека тоа е нивната оаза на релаксација секоја година.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Живот

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Read more

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво

Read more

4 постапки со кои родителите им ја уништуваат самодовербата на децата

Read more

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Read more
 

Магазин

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Читај повеќе
  • play_arrow

Што значи да сте заглавени во врска?

Читај повеќе

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво

Читај повеќе
  • filter

Наоми Кембел во Кан блесна во фустан што првпат го носеше во 1996 година

Читај повеќе

4 постапки со кои родителите им ја уништуваат самодовербата на децата

Читај повеќе

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Читај повеќе

Засиленото опаѓање на косата може да укаже на недостаток на хранливи материи и разни здравствени проблеми

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Читај повеќе