Рама: Амбиција на двете влади е да се укине границата меѓу Албанија и Косово

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави денеска дека амбиција на двете влади е да се укине границата меѓу Албанија и Косово. Изјавата беше дадена во Тирана на состанокот на владите на Албанија и Косово.

Средбата, која е шеста по ред, се одржува под слоганот „Заедно без граници – во еден регион без граници“.

На состанокот на двете влади, Рама рече дека ќе се интензивира работата за овозможување контрола во реално време на граничните точки и „конечно отворање на границата“.

Рама рече дека пристаништето Драч ќе стане стратешко пристаниште, заедничко за двете земји.

Тој ја спомена и изградбата на пругата Тирана-Драч, додавајќи дека има обврски за развој на дигиталниот коридор Приштина-Тирана за 5Г технологија.

Рама оцени и дека договорот потпишан во Вашингтон е „настан на годината“ и за Белград и за Приштина и дека тој го отвори дијалогот меѓу двете страни со посредство на ЕУ.

На почетокот на заедничката седница на владите на Албанија и на Косово, Рама рече дека дијалогот е единствениот инструмент за постигнување паметно решение на проблемот.

– Секоја пристрасност во дијалогот ја намалува победата на Косово и ја ослабнува неговата позиција и во внатрешната и во надворешната политика кон светот. Внатрешен консензус за позицијата на дијалогот е неопходност што ја сакам и се надевам дека ќе остане таков, рече Рама.

Косовскот премиер Абдулах Хоти меѓу другото рече дека договорите меѓу двете земји имаат за цел „олеснување на животот меѓу граѓаните“ и оти во Вашингтон бил за да биде неговата земја фактор на стабилност во регионот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе