Рама: Не барајте Кинези, Руси, Марсовци зад Отворен Балкан

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека денеска, премиерот на Црна Гора во технички мандат, Дритан Абазовиќ, изразил намера да организира неформален самит на иницијативата Отворен Балкан во Црна Гора во јуни годинава, и оцени дека оваа иницијатива е „неопходна и комплементарна“ на Берлинскиот процес.

- Му благодарам на Абазовиќ за изразената желба да го организира Самитот Отворен Балкан во јуни во Црна Гора, имајќи предвид дека Берлинскиот процес ќе има самит во Тирана на почетокот на есента. Тврдам дека Отворен Балкан е неопходен за да го заживее ритамот на сите вредности и барања што произлегуваат од Берлинскиот процес, изјави Рама пред новинарите по формалната седница на двете влади во Подгорица.

На свечената седница беа потпишани повеќе меѓудржавни договори и меморандуми за соработка во областа на инфраструктурата, енергетиката, рибарството, заштитата на растенијата, социјалната заштита, спортот, културата и медиумите, одбраната и здравството.

Албанскиот премиер е на мислење дека иницијативата Отворен Балкан и Берлинскиот процес се „комплементарни и неопходни еден на друг“.

- Не можеме да бидеме задоволни само со лидерството на Берлинскиот процес, туку треба да ги ставиме на располагање нашите сили за да ги заживееме идеите кои се основата на таа иницијатива, рече Рама.

Албанскиот премиер порача дека зад иницијативата Отворен Балкан не треба да се бара „скриената рака“ на Кина, Русија или Германија.

- Не барајте Кинези, Руси, Марсовци, па дури и Германци зад таа иницијатива. Отворен Балкан е наша иницијатива за заживување и спроведување на принципите и целите на Берлинскиот процес. Секој што сака да види Кинези, Руси, Марсовци во овој процес е слободен да ги види, рече Рама.

Премиерот на Црна Гора Абазовиќ оцени дека Отворениот Балкан го „оживеа“ Берлинскиот процес.

- Добро е што го оживеа, ги усвоивме договорите. Црна Гора ги усвои и се надевам дека ќе бидат ратификувани на следната владина седница. Планираме да организираме некоја неформална средба во јуни. Тоа не е класичен состанок на Отворен Балкан, туку во контекст на регионалната соработка, рече Абазовиќ. - Идејата што му ја претставив на Рама е дека, доколку дозволат политичките околности, наскоро би можеле да организираме неформален состанок на кој ќе се обидеме да ги доведеме сите лидери од Западен Балкан да се создаде атмосфера како што имавме денеска. Интерес на нашата земја е да има поголема хармонија во соседството, додаде Абазовиќ.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Регион

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more
 

Вести

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе