Рама прогласи победа на изборите, ќе се слави во центарот на Тирана

Пребројувањето на гласовите од неделните парламентарни избори во Албанија е при крај, а лидерот на Социјалистичката партија, Еди Рама, преку објава на Facebook веќе прогласи победа со „досега освоени 74 пратенички мандати“.

Тој за попладнево најави прослава на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, ги повика сите на, како што ја нарече, „прегратка на победата“ и постираше фотографија на која е со широка насмевка.

– Денеска во 18 часот на плоштадот „Скендербег“, шампионскиот тим на покровители, координатори, раководители, пратеници и кој сака да ни се придружи за да ја прегрнеме победата. ПС12 Победа Шампиони, пишува Рама.

Sot në 18.00, në Sheshin Skënderbej, skuadra kampione e patronazhistëve, koordinatorëve, drejtuesve, deputetëve dhe kush të dojë të na bashkohet për përqafimin e fitores❤️ #PS12🌹#Fitore💪 #Kampionë

Posted by Edi Rama on Tuesday, April 27, 2021

Десничарската коалиција „ПД-Алијанса за промени“, предводена од демократите на Љуљзим Баша има 59 мандати, што е 18 пратеници повеќе од минатите избори.

Најголемо разочарување е Движењето за социјалистичка интеграција на Моника Круемади – четири пратенички места, која на минатите избори имаше 20 мандати, додека најголемо изненадување е Социјалдемократската партија на Том Доши, која има три пратенички мандати.

Во Изборната единица на округот Корча каде што во трка за пратенички мандати беа лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, Социјалистичката партија, на чија листа беше тој, освои шест пратенички мандати. Вториот Македононец, Панди Јани, беше на листата на ЛСИ, која во оваа изборна едница остана без пратеници.

Инаку, Централната изборна комисија најави дека официјалните резултати може да се очекуваат доцна попладнево.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Регион

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Read more

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Read more

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Read more

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе