Рама: Реакцијата на Бугарија е неприфатлива

Албанскиот премиер Еди Рама, одговори на реакцијата на бугарското Министерство за надворешни работи, на неговата изјава на безбедносниот форум во словенечкиот град Блед, велејќи дека го кажал истото и во јуни и оти реакцијата „најсериозно е неприфатлива“.

– Ако Министерството за надворешни работи на Бугарија немаше ништо поважно денес од јавна изјава за нешто што го кажав на панелот на Бледскиот стратешки форум, не можам да го прифатам тоа како голем комплимент за форумот и панелот, вклучително и за мене. Но, сериозно, ова е незаслужено, напиша Рама на Твитер.

Тој му порачува на бугарското Министерство да си обезбеди беспрекорен превод.

– Можеби некој треба да им помогне на нашите пријатели во бугарското МНР со беспрекорен превод на мојот одговор во Блед за тоа како Бугарија го блокираше отворањето на преговорите за членство за Албанија и Северна Македонија, кога конечно сите останати се согласија, после осум години. Само ги повторив истите работи што ги кажав во јуни, наведува премиерот Рама.

За потсетување, Рама во Блед изјавил дека Бугарија ги зела како заложници Северна Македонија и Албанија, додека сите други биле подготвени да им кажат „да“ по осум години.

– Бугарија ги зеде како заложници Северна Македонија и Албанија, додека сите други беа подготвени да ни кажат „да“ по осум години. Но, да се биде трагично оптимист значи дека е трагично да се чека осум години. Но, добро е да се биде оптимист, бидејќи за Северна Македонија поминаа 17 години, па може да биде и полошо. Затоа подобро насмевнете се и продолжете понатаму. Значи Бугарија го создаде ова, а не Русија. Земја на НАТО која зема заложници уште две земји членки на НАТО додека војната започна, изјавил Рама, пренесе државната новинска агенција АТА.

Тагови
реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Регион

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе