Рамазан Бајрам се слави под маски и во најтесното семејство

Скопје, 24 мај 2020 (МИА) – По триесет дена пост верниците од исламска вероисповед денеска го слават Фитр Бајрам (познато меѓу народот како Рамазан Бајрам).

Честитките за овој верски празник почнуваат по завршување на Бајрамската молитива. Оваа година како резултат на пандемијата со COVID-19, во џамиите Бајрамската молитва ќе се одвива под мерките и упатствата дадени од страна на здравствените власти за носење маска и почитување на физичка дистанца од минимум 1,5 метри.

Слични препораки до имамите и советите на џамиите упати и Исламската верска заедница (ИВЗ), која донесе одлука оваа молитва годинава да не трае повеќе од 15 минути, односно при присуство во џамиите верниците да ги почитуваат дадените упаства.

Како превенција од ширење на коронавирусот и почитување на физичката дистанца, од ИВЗ исто така упатија апел до верниците по можност при обавување на Бајрамската молитва повеќе да ги користат дворовите на џамиите.

Ограничено време за честитки на Рамазан Бајрам

Баклавата и слатките кои се синоним за Фитр Бајрам оваа година се очекува да се служаат само на потесниот дел од семејството. Пандемијата со COVID-19 и стравот кај верниците за проширување на коронавирусот и одлуката на Владата полицискиот час денеска да почне од 11 часот ќе бидат главна пречка за да се посетат поширокиот круг роднини и пријателите.

Освен здравствените институци, и имамите и оџите упатија апел до верниците за редуцирање на бројот на посети на овој голем ден за муслиманите, се со цел да се заштити здравјето на граѓаните.

Бајрамска молитва во Косово ќе нема, во Албанија да

Како во време на месецот Рамазан, така и за Бајрамската молитва, џамиите во соседно Косово нема да бидат отворени. Муслиманите во оваа држава за разлика од другите години молитвата за Фитр Бајрам ќе треба да ја обавуваат дома. Реисулот на ИВЗ на Косово, Наим Трнава на последната средба со Министерот за внатрешни работи, Џелал Свечла, изјави дека тие како најголема верска заедница ќе ги почитуваат мерките за да побрзо се надмине епидемијата на COVID-19.

Од друга страна во Албанија, долгогодишната традиција на обавување на Бајрамската молитва на главниот плоштад на Тирана, оваа година нема да се реализира. Верниците од исламската вероисповед оваа молитва прв пат пос многу години во Албанија, Бајрамската молитва ќе ја вршат внатре во џамиите.

Турција и Саудиска Арабија во „Бајрамски карантин”

Светите муслимански места Мека и Медина во Саудиска Арабија после многу векови, молитвата на Рамазан Бајрам ќе ја обавуваат без вообичаното присуство на поголем број верници.

Освен забраните за странски лица да патуваат во оваа земја, саудиските власти донесоа одлука од 23 до 27 мај да се воведе целосен карантин. Минатата година бројот на верници кои одлучија да го прослават празникот Рамазан Бајрам во овие две свети места надмина над еден милион муслимани.

Забрана за одвивање на Бајрамската молитва донесе и Дијанетот на Турција.

Во нивното соопштенито со јавноста се вели дека иако нема да има верници во џамиите, од минарињата на џамиите ќе се слушаат молитви и текбири (величување на Алах) на разглас.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе