Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, попладнево е спроведен во затворот во Шуто Оризари.
Директорот на затворот, Филип Андонов, во изјава за МИА вели дека Рашковски согласно протоколите за заштита од COVID-19, ќе биде сам во ќелија десетина дена.
Попладнево, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција ја прифати жалбата на јавниот обвинител и им определи 30-дневен притвор на Драги Рашковски и Даниел Станчевски во врска со „истрагата за набавка на софтвер“.
На 16 април, на Рашковски му беше определен куќен притвор по четиричасовен распит во Кривичниот суд.