Раскрсниците се сообраќајни „црни точки“: На што треба најмногу да внимавате?

Речиси една третина од сообраќајните несреќи се случуваат на раскрсници, а од нив голем број се фатални.

Според новото истражување на германскиот автомобилски клуб ADAC, четвртина од несреќите на германските патишта се случуваат надвор од градовите, а третина од нив се случуваат додека возилата поминуваат низ раскрсница.

Според официјалните податоци, само во 2019 година, на германските патишта, на раскрсници и свиоци загинале дури 340 луѓе, а повеќе од 7.000 биле тешко повредени. За работите да бидат уште полоши, 60% од загинатите во сообраќајни несреќи умираат токму на такви патишта надвор од градовите.

Затоа ADAC одлучи да ја истражи ситуацијата во Германија и околните земји и да предложи решенија за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Во вакви несреќи, без разлика дали се работи за вртење налево на раскрсница, вклучување во сообраќај или едноставно минување низ раскрсница, најчесто гинат помладите, неискусни возачи на возраст под 24 години, но и најстарите, над 65 години.

Тука секако треба да се нагласи големата опасност за учесниците во сообраќајот, кога учествуваат велосипедисти и мотоциклисти.

Слична е ситуацијата во Австрија и Швајцарија.

ADAC како едно од решенијата го гледа воведувањето систем за асистенција каде самиот автомобил би предупредил на опасна ситуација, на која автомобилската индустрија веќе работи напорно и има одредени позитивни резултати на овој план.

До воведувањето на овие системи во сите возила на патиштата, ADAC предлага одредени промени на ризичните раскрсници.

Покрај постигнување подобра видливост на раскрсниците, се предлага поставување физички бариери, одделни ленти за вртење, воведување подобра сообраќајна сигнализација и изградба на кружни текови.

Remote video URL
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Авто новости

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе