Раст на Волстрит, инвеститорите претпазливи

На Волстрит вчера берзанските индекси пораснаа, надоместувајќи ги загубите од претходниот ден, но тргувањето беше неизвесно бидејќи записникот од состанокот на ФЕД не ги поддржа надежите на инвеститорите во однос на каматните стапки.

Dow Jones зајакна 0,40 отсто, на 33.269 поени, додека S&P 500 порасна за 0,75 отсто, на 3.852 поени, а индексот Nasdaq 0,69 отсто, на 10.458 поени.

Седница на ФЕД

Инвеститорите беа фокусирани на записникот од последниот состанок на челниците на американската централна банка, каде клучните каматни стапки беа зголемени за 0,50 процентни поени, по серијата зголемувања за по 0,75 процентни поени.

Иако темпото на зголемување на каматните стапки е забавено, претседателот на ФЕД, Џером Пауел, тогаш рече дека сузбивањето на инфлацијата е приоритет на ФЕД, дека каматните стапки дополнително ќе се зголемуваат и дека ќе се задржат на покачени нивоа подолго од претходно очекуваното.

И покрај тоа, инвеститорите се надеваат дека каматните стапки ќе бидат пониски на крајот од циклусот на покачување отколку што проценуваат претставниците на ФЕД и дека централната банка ќе почне да ги намалува стапките уште оваа година, иако ФЕД сигнализираше дека можеби нема да го стори тоа до 2024 година.

Иако записниците на ФЕД не ги поддржаа надежите на тие инвеститори, цените на акциите вчера пораснаа бидејќи пазарот сепак проценува дека крајната каматна стапка ќе биде под нивото од 5 проценти.

„Пазарот е како дете кое бара сладолед“

Затоа, инвеститорите ја игнорираа вчерашната изјава на претседателот на филијалата на ФЕД во Минеаполис, Нил Кашкари, дека ФЕД мора да продолжи да ги зголемува каматните стапки и дека, според неговите проценки, каматната стапка пред прекинот на циклусот треба да изнесува 5,4 отсто.

„Пазарот е како дете кое бара сладолед. Родителите велат ‘не’, но детето продолжува да бара сладолед затоа што родителите порано попуштале. Така, пазарот сè уште очекува да добие сладолед, но не толку брзо како што мислеше“, објаснува Барнс Мекини, портфолио менаџер во NFJ Investment Group LLC.

Мекини верува дека евиденцијата покажува дека претставниците на ФЕД стравуваат дека несоодветното олеснување на финансиските услови ќе ги искомплицира нивните напори за борба против инфлацијата.

Тој, исто така, истакнува дека е јасно дека ФЕД ќе го забави темпото на поскапување на парите за да не ја турне економијата во рецесија, но дека може да се очекува каматните стапки да останат покачени подолго од претходно очекуваното.

„Логично е дека борбата против инфлацијата останува приоритет на ФЕД“

Мајк Ловенгарт, директор за портфолија во глобалната инвестициска канцеларија на Морган Стенли, го верува истото.

„Записниците на Банката на федерални резерви се потсетник за инвеститорите да очекуваат повисоки каматни стапки во текот на оваа година. Со оглед на тоа што пазарот на трудот е сè уште силен, има смисла дека борбата против инфлацијата останува приоритет на ФЕД. Со други зборови, иако го сменивме календарот, спротивставените ветрови на пазарот остануваат исти како и минатата година“, вели Ловенгарт.

Минатата година, индексот S&P 500 потона за повеќе од 19 отсто, што е најмногу од светската финансиска криза во 2008 година, бидејќи ФЕД агресивно ги зголеми каматните стапки за да ја ограничи инфлацијата, која на средината на годината го достигна највисокото ниво во повеќе од 40 години.

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа трет ден по ред. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,41 отсто, на 7.585 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 2,18 отсто, на 14.490 поени, а париски CAC 2,30 отсто, на 6.776 поени.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе