Раст на Волстрит втор ден по ред

Берзанските индекси на Волстрит нагло пораснаа втор ден по ред бидејќи инвеститорите се надеваат дека до крајот на неделата во Вашингтон може да се постигне договор за зголемување на државното задолжување.

Dow Jones зајакна 0,34 отсто, на 33.535 поени, додека S&P 500 порасна за 0,94 отсто, на 4.198 поени, а индексот Nasdaq порасна за 1,51 отсто, на 12.688 поени.

Растот на индексот втор ден по ред е најмногу благодарение на веста дека до крајот на неделава демократите и републиканците би можеле да постигнат договор за зголемување на државното задолжување, па Конгресот следната недела би можел да го поддржи тој договор.

Со тоа би се избегнала ситуација кога државата не може да ја финансира работата на федералните служби.

„Последниве два дена се се врти околу договорот за задолжување. Претставниците на двете страни велат дека е можен договор до крајот на неделата, па Конгресот би можел да гласа за него следната недела“, вели Ентони Саглимбене, стратег во Ameriprise Financial.

Позитивно влијание на пазарот имаа и подобрите од очекуваните квартални деловни резултати од Walmart. Акциите на најголемиот американски трговски синџир пораснаа за 1,3 отсто, а тоа ги зголеми цените на акциите во целиот малопродажен сектор.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,25 отсто, на 7.742 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,33 отсто, на 16.163 поени, а париски CAC 0,64 отсто, на 7.446 поени.

Тагови
реклама

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе