Расте бројот на деца со „воспалителен синдром“ поврзан со коронавирусот

Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо соопшти дека околу 100 деца во сојузната држава се борат со „ретка болест“ за која се верува дека е поврзана со новиот коронавирус.

Станува збор за „педијатриски воспалителен синдром што напаѓа повеќе системи“ и се карактеризира со повеќе различни симптоми и предизвикува животозагрозувачко воспаление на виталните органи.

Куомо рече дека досега во Њујорк се регистрирани три смртни случаи поврзани со болеста, а повеќе од половина од случаите на овој синдром во Њујорк, или 57%, се кај деца на возраст од 5 до 14 години.

Remote video URL

Куомо ја потврди смртта на петгодишно дете позитивно на коронавирус и додаде дека здравствените власти истражуваат уште 73 слични случаи низ Њујорк, во кои децата имаат симптоми слични на болеста Кавасаки и синдромот на токсичен шок.

„Ова е екстремно ретко и досега беше непозната манифестација на COVID-19 кај децата“, рече Куомо.

Во 11 американски сојузни држави се пријавени вакви случаи.

Кон крајот на април, британски лекари пријавија дека забележале нагло зголемување на бројот на деца примени на интензивна нега со сериозен „воспалителен синдром“ што може да се поврзе со коронавирус.

Британската национална здравствена служба тогаш рече дека „во последните три недели се забележува очигледно зголемување на бројот на деца и млади кои покажале мултисистемска воспалителна состојба за која е потребна интензивна нега“ и препорачаа лекарите да ги следат случаите со посебно внимание. Погодените деца имаат болки во стомакот, воспаление на срцето и гастроинтестинални симптоми како што се повраќање и дијареја.

Педијатри од болницата Сент Мери велат дека италијански и шпански лекари исто така пријавиле случаи на болни деца со исти симптоми.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе