Расте побарувачката за клонирани миленичиња во Кина

По изглед, овие животни не се разликуваат од обичните, но всушност нивните копии се направени во Кина. Само четири компании во светот се занимаваат со комерцијално клонирање, а една од нив е кинеската SinoGene.

Меѓу ѕидовите на лабораторијата, мачките, кучињата, па дури и коњите го започнуваат својот живот во чинија Петри. Научниците одгледуваат клетки чија ДНК 100% се совпаѓа со прототипот и потоа ги пренесуваат во сурогат мајка која носи ембрион. Идните клонирани мачиња обично ги носи мачка, а кученцата кучка, иако тоа не мора да биде случај.

Во Кина експериментите со животни не се толку остро критикувани како во Европа, а побарувачката за клонирани миленици расте, особено за време на карантин, пишува Euronews.

„Разликата со Европа, Америка и Јапонија е сè уште огромна. Кина има повеќе од милијарда луѓе и само 100 милиони домашни миленици. Гледам голема побарувачка за нив, особено за мачките. Мислам дека тоа е поради пандемијата“, рече извршниот директор на компанијата SinoGene, Ми Џидон.

SinoGene бара околу 35.000 евра за клонирање мачка. Клонирањето куче е поскапо, чини повеќе од 50 илјади. Сепак, компанијата не е заинтересирана само за домашни миленици. Во септември 2022 година, кинеските научници беа првите во светот што клонираа загрозен вид арктички волк. Неговите соматски клетки биле земени од кожата на волчицата Маја, која живее во Националниот парк Харбин, а ембрионот го носел куче од расата бигл.

Компанијата сега планира да клонира панди и тигри.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Вести

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more
 

Гик

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе