Расте тензијата на Кавказ: Загинати и ранети ерменски и азербејџански војници

МИА / КАЈГАНА
/ 14.07.2020 / 14:55

Азербејџански генерал и полковник загинаа во судирите на границата меѓу Азербејџан и Ерменија, а од ерменска страна загинаа околу 100 војници, информира заменик министерот за одбрана на Азербејџан, Керим Велиев.

Велиев рече дека за време на дводневните борби, азербејџанската армија „елиминирала до 100 непријателски војници“, како и голема количина тешко оружје и моторни возила. Тој додаде дека се уништени и голем број „важни објекти“.

Азербејџанските власти потврдија дека вкупно 5 нивни воени лица загинаа, а петмина се повредени.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан ги демантраше изјавите на спротивната страна дека стотина ерменски војници се убиени наведувајќи дека нема ниту еден загинат, туку 5 повредени.

Конфликтот меѓу двете земји, кој трае од 1988 година поради спорот околу регионот Нагорно-Карабах, ескалираше во неделата, кога азербејџанското Министерство за одбрана објави дека ерменската страна гранатирала позиции на земјата на границата. Во Нагорно-Карабах живеат етнички Ерменци, но е под контрола на Азербејџан. Жителите сакаат обединување со Ерменија, а во 1991 година прогласија независност како Република Арцах. Досега ниту една држава освен Ерменија ја нема признаено независноста, освен осумте американски сојузни држави Калифорнија, Хаваи, Џорџија, Мичиген, Луизијана, Род Ајленд, Масачусец и Мејн, како и австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе