Растенија кои го ладат домот речиси како клима-уред

Кога надвор е неподносливо топло, се трудиме на секој можен начин да создадеме најпријатна атмосфера во нашиот дом и да се разладиме. Ако немате клима, зелен спас може да ви бидат некои собни растенија.

Според резултатите од истражувањето на НАСА Earth Science, растенијата се познати по тоа што користат фотосинтеза за ладење не само на себе, туку и на околината.

Бенџамина

Мало собно дрво кое има многу лисја преку кои испушта влага во просторијата. Стеблото со грмушеста крошна ќе им послужи како крошна и на другите растенија до него.

Имено, кога ги групирате растенијата, тие меѓусебно си помагаат да создадат свој екосистем и да ја подобрат влажноста. Не заборавајте да ги полевате редовно за ефектот на ладење да биде оптимален.

Фикус еластика

Колку е поголема влажноста во просторијата, толку е помала температурата. Познато е дека овој фикус ја надокнадува содржината на вода во воздухот. Во основа, колку повеќе лисја имаат ова растение, толку е поголем ефектот.

Почвата секогаш одржувајте ја рамномерно влажна (не наводнувајте прекумерно!) и не ја изложувајте го директна сончева светлина.

Аглаонема

Ова растение не само што го лади воздухот туку и го прочистува. Посебно се препорачува за во спалната соба.

Практична е бидејќи аглаонемата е многу лесна за нега и бара малку вода и светлина.

Собна палма

Не само што обезбедува пониска температура, туку и ви дава чувство на егзотика. Зелените листови од палма имаат тесни отвори кои апсорбираат јаглерод диоксид и ослободуваат кислород.

Колку е поголема површината на листот, толку повеќе кислород може да произведе. Совет е покрај нормалното наводнување редовно да се прскаат листовите со вода.

Алое вера

Ова многу лековито растение не само што ќе ви користи ако добиете непријатно изгореници од сонце, туку неговото одгледување е добро и за ладење на температурата на воздухот и за отстранување на формалдехидот од воздухот.

Чувајте го на индиректна светлина 8 до 190 часа на ден. Ставете го во земја како за кактуси во саксија со дренажа, а полевајте го само кога земјата целосно ќе се исуши.

Сансеверија

Исто како алое вера, сансеверијата има висока содржина на водород. Сепак, не само што ослободува влага и кислород во воздухот, туку и ги отстранува нечистотиите.

Го сака сонцето и затоа ќе изгледа одлично доколку го поставите на прозорец - каде што ќе ги спречува топлите сончеви зраци да влезат во просторијата.

реклама

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе