На јахтата на американскиот богаташ Ден Билзеријан атмосферата е вжештена. Разголени убавици се дружат покрај базенот, пијат коктели и го забавуваат Instagram кралот.
Досега веселата дружина ги има посетено Сплит, Хвар, Корчула и Националниот парк Крка. Додека ужива во Хрватска, Forbes пишува дека на неговата компанија Ignite International Brands Ltd. не ѝ се пишува баш добро.
Според годишниот финансиски извештај, компанијата минатата година изгубила 50 милиони долари. Компанијата заработува на два начини, со продажба на акции и задолжувања. Компанијата наводно продава и производи во Мексико, Канада, Ирска, Велика Британија и САД. Ignite продава производи од вотка, вода, облека и друго. Повеќето потрошени пари, околу 31,6 милиони долари, се потрошени на маркетинг, промоција, кирии и плати.