ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Реал - Борусија М. вечерва од 21 часот: Ова се составите

Во групата Б, сите четири екипи сè уште можат да се пласираат во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Реал Мадрид од 21 часот е домаќин на Борусија Менхенгладбах, додека во исто време Интер е домаќин на Шахтар.

Актуелниот шпански шампион го пречекува натпреварот против Германците со позитивен тон по саботната победа во првенството при гостувањето кај Севиља со резултат 1:0.

Азар и Валверде се единствените повредени во Реал

Во тимот на Зинедин Зидан се се враќаат опоравени капитенот Серхио Рамос и дефанзивецот Дани Карвахал, кои беа повредени. Поважни отсуства за Реал се оние на Еден Азар и Федерико Валверде кои уште се опоравуваат од повредите, додека сите други се на располагање за вечерашниот натпревар.

На Борусија ѝ недостасуваат тројца играчи. Поради коронавирусот, нема да игра левиот бек Рами Бенсебајни, додека повредени се стоперот Тони Јанчке и десното крило Јонас Хофман.

Реал со победа сигурно оди во осминафиналето, а во случај на нерешен резултат, Интер мора да го победи Шахтар за тимот на Зидан да се пласира во нокаут-фазата. Доколку Борусија (М) победи на стадионот „Алфредо ди Стефано“ и Интер го совлада Шахтар, Реал ќе биде исфрлен од европските натпреварувања оваа сезона.

Реал Мадрид (4-3-3): Куртоа - Васкес, Варан, Рамос, Менди - Каземиру, Крос, Модриќ - Винисиус, Родригу, Бензема.

URL

Борусија (М) (4-2-3-1): Зомер - Лајнер, Гинтер, Елведи, Венд - Крамер, Нојхаус - Плеа, Штиндл, Тјурам - Емболо.

URL
реклама

Фудбал

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Read more

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more
 

Спорт

  • filter

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Читај повеќе

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Читај повеќе