Реал Мадрид прави револуционерна промена со новите дресови

Неовластено беа објавени дизајнот и боите на дресовите на Реал за следната сезона.

Реал ги изненади навивачите со тоа што покрај првиот бел, како втор дрес ќе има и портокалов, а третиот комплет ќе биде кафеав.

Marca истакнува дека станува збор за револуционерна промена: „По неколку години со сина, црна и виолетова, Реал се одлучи за револуција, и тоа многу ризична. Вториот комплет ќе биде портокалов, но третиот е кафеав!“

Секако, за што сведочи и фотографијата што го придружува текстот, Реал веќе играше во портокалово. Тоа беше пред 10 години, во сезоната кога ја освои Децима, десетта европска шампионска титула. Во портокалови дресови оствари незаборавна победа од 6:1 против Шалке.

Но, Реал никогаш не играл во кафеави дресови.

„Последниве години клубот носеше чудни бои за него: црвена, розова, зелена и портокалова како најризични, но сега отиде чекор понатаму со кафената боја на дресот, која е многу ретка во фудбалот. Моментално само Сент Поли имаат дресови во таа боја. Претходно ја користеше Барселона со Роналдињо во 2003/04, а во последниве години Арсенал и ПСЖ“, пишува Marca.

URL

Истиот извор забележува дека Реал се одлучил за голема промена на бојата за сезоната кога се очекува рекордна продажба на дресови: „Реал од летото ќе има две суперѕвезди во својот состав, чии дресови ќе предизвикаат бум во продажбата. Дресот на Реал беше бестселер во светот со години, но прогнозите се дека неговата продажба ќе се зголеми многукратно со доаѓањето на Килјан Мбапе, додека дресот на Џуд Белингем е веќе најпродаван во Реал“.

На крајот Marca пишува: „Дознавме како ќе изгледа новата верзија на најскапиот дрес на светот. Реал само од три спонзори на дресот: Adidas, Fly Emirates и HP заработува 250 милиони евра годишно. На тоа треба да се додадат приходите од физичка и онлајн продажба на дресови.“

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе