Реал потпиша договор со 16-годишниот син на починатиот Рејес

Хосе Антонио Рејес Лопес, 16-годишниот син на починатиот поранешен играч на шпанската репрезентација, го потпиша својот прв договор со Реал Мадрид. Тој пред само неколку дена го прослави својот 16-ти роденден.

Синот на Хосе Антонио Рејес пристигна во фудбалската школа на Реал како 11-годишник, неколку месеци по трагичната сообраќајна несреќа во која загина неговиот татко.

Фудбалскиот развој на младиот офанзивец го воодушеви раководството на клубот, кое му го даде првиот професионален договор.

Хосе Антонио Рејес имаше блескава кариера која ја изгради играјќи за Севиља, со која трипати ја освојуваше Лига Европа, со Арсенал беше дел од непоразениот шампионски тим во сезоната 2003/2004, со Реал Мадрид во сезоната 2006/2007 стана шампион на Шпанија, а со Атлетико двапати ја освои титулата во Лига Европа… Играше уште и за Бенфика, Еспањол, Кордоба, Шинџиан Тианшан Шуебао и Екстремадура. За Шпанија одигра 21 натпревар и постигна 4 голови, а беше дел од составот на Мундијалот 2006.

Загина на 1 јуни 2019 година во сообраќајна несреќа. Првите информации говореа дека до несреќата дошло додека се возел со 220 км/ч, подоцна полицијата констатирала дека брзината на автомобилот била помеѓу 110 и 130 км/ч и дека до несреќата дошло поради дефект на воланот или тркалото.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more
 

Спорт

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе