Рецепт на денот: Мини ќофтиња во сос од јогурт и кисели краставички

Ако сакате да јадете ќофтиња, сигурни сме дека ќе ви се допадне и овој рецепт. Се јадат во еден залак, а превкусни се поради сосот од јогурт. Бидејќи нема месо, одличен е и за вегетаријанци.

Ќофтињата се вкусно јадење кое скоро секој знае да го подготви, а доколку и вие сакате да ги јадете, тогаш ви предлагаме да го пробате овој рецепт. Направете мини ќофтиња од булгур и компир и послужете ги прелиени со сос од јогурт и од кисели краставички. Ќофтињата на овој начин ги подготвуваат Турците, а сигурни сме дека и вам ќе ви се допаднат.

Потребни состојки:

  • 1 чаша булгур
  • 1 чаша топла вода
  • 1 лажичка сол
  • 1 јајце
  • 1 лажичка ким
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажичка блага пипер
  • 1 компир
  • 2 лажици брашно
  • ½ конзерва грашок
  • 1 морков
  • 4-5 кисели краставички
  • ½ стапче целер
  • 1 китка нане
  • 200 мл јогурт
  • 2 чешниња лук

Подготовка:

Истурете булгур во сад, посолете и прелијте со топла вода. Измешајте, покријте и оставете да отстои околу 15 минути. Потоа промешајте и додадете го јајцето, варениот компир исечкан на коцки, зачинете (мелени ким, бибер и блага пипер) и сè убаво измешајте. Додадете брашно и замесете со рака додека сè добро не се соедини. По потреба додадете малку вода.

Обликувајте мали топчиња како џамлии и наредете ги во чинија. Потоа во тава во која сте загреале масло пржете ги додека не добијат златна боја.

Испржените мини ќофтиња ставете ги во огноотпорен сад, па додајте ги сечканите моркови (што сте ги свариле), грашокот и целерот. Потоа додадете ги кисели краставички што сте ги исечкале на тркалца, како и сечканото нане. Истурете јогурт и додадете рендан лук. Сè добро измешајте.

Или, за поедноставно, следете ги инструкциите на видеото:

Remote video URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе