Речиси 700 јавни објекти ја трујат Македонија - Шанса за Центар ги мапира загадувачите

Шанса за Центар само во Скопје мапира над 100 јавни објекти – болници, градинки, училишта, касарни, судови… и други установи што користат нафта и мазут и покрај тоа што градот има централно парно греење.

Клик за поголема верзија

 

Оттаму велат дека мазутот е исклучително валкан енергент, но не е за потценување ниту екстра-лесното гориво, кое содржи многу повеќе сулфур отколку, на пример, највалканото автомобилско гориво – дизелот.

По мапирањето на главниот град, извршено е обележување и во цела Македонија и утврдени се речиси 700 такви објекти.

„Ако не сакаме да дишеме воздух што светските медиуми го опишуваат дека ‘мириса на изгорена пластика’, сега е шансата да се направи промена! Се подготвува новиот државен буџет за 2024 година, што е можност да се обратите до пратениците од секоја изборна единица и заедно да притискаме за повеќе пари за борба против загадувањето на воздухот! И општинските буџети се во подготовка, па нивното вклучување во борбата против загадувањето мора да е насочена кон веќе детектираните локални проблеми со воздухот од загревањето на општински објекти.

Во 2023 година не се направи промена на начинот на греење кај огромен број јавни објекти што се греат на нафта и мазут за да се намали загадувањето на воздухот во зима. Тие ќе продолжат да загадуваат и оваа зима и повторно ќе бидеме меѓу трите најзагадени земји во Европа“, велат од Шанса за Центар.

Според нив, нема град во Македонија кој во своето урбано јадро нема еден куп јавни објекти што го загадуваат воздухот.

Скопје води, но во незавидна положба се и граѓаните од Тетово, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Гостивар… речиси никој не е поштеден.

„За загревање на овие објекти, и оваа грејна сезона може да се потрошат над 16,5 милиони литри нафта за греење и над 4,8 илјади тони мазут. Тоа и ќе го дишеме! За нивното загревање, за една сезона граѓаните преку буџетот на државата и на општините ќе платат над 20 милиони евра“, велат од Шанса за Центар.

Од граѓанската иницијатива велат дека треба да се притиснат пратениците во Собранието и советниците да се заложат за мерки во буџетот за 2024 година во своите изборни единици за да се даде шанса сите општини да станат почисти.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе