Во последните 24 часа се регистрирани нови 20.894 случаи на коронавирус во Бразил.
Исто така, Чиле, Аргентина, Перу и Колумбија пријавија рекорден број на новозаразени од COVID-19.
Поради големиот број на заразени, Јужна Америка е епицентарот на пандемијата, пишува BBC. Се стравува дека бројот на заразени е уште поголем.
Бразил е на второто место по бројот на починати и заразени, на првото место е САД. Во Бразил починаа 42.791 лице, а заразени се 850.796.