Рекорден интерес за првиот натпревар на Аргентина по освојување на светската титула

Над 1,5 милиони луѓе се обидоа да купат влезници за првиот натпревар на фудбалската репрезентација на Аргентина откако ја освои титулата на неодамнешното Светското првенство во Катар.

Влезниците за пријателскиот натпревар меѓу Аргентина и Панама се распродадоа во рекорден рок и покрај високите цени во земјата која се соочува со раст на инфлацијата.

Натпреварот ќе се игра на 23 март на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, најголемиот во земјата, со капацитет од 83.000 седишта.

Влезниците се продаваа по цена од 59 до 241 долари, а за купување билети се пријавија повеќе од 1,55 милиона лица.

Претстојниот натпревар предизвика и незапамтена медиумска побарувачка со повеќе од 131.000 барања за акредитации.

URL

„Би сакале да можевме сè да исполниме, но ќе ни беа потребни два стадиона на Ривер само за новинарите. Лудилото за Аргентина е апсолутно“, објави на Twitter претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина, Клаудио Тапиа.

Панама ќе гостува во Буенос Аирес на првиот натпревар кој Аргентина ќе го одигра откако во декември лани ја совлада Франција во финалето на Мундијалот во Катар и ја освои светската титула по пауза од 36 години.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе