Рекордни дневни бројки на заразени на Балканот, најмногу кај нас и во Србија

Ширум Балканот станува алармантна ситуацијата со пандемијата на COVID-19.

Во неколку земји се забележани рекордни дневни бројки на заразени регистрирани од почетокот на пандемијата, а расте и бројот на тешки и смртни случаи од COVID-19.

Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се направени 1.728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на COVID-19. Досега во земјата се направени вкупно 74.562 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.777, бројката на оздравени пациенти е 3.960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.449.

Во Србија денеска се потврдени 386 заразени и 18 починати лица од новиот коронавирус, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ, додавајќи дека резултатите од протестите ќе се видат во следните денови.

„Денеска е најлош ден од почетокот на борбата против коронавирусот, и поради тоа сакав лично да им се обратам на граѓаните. Во изминатите 24 часа починаа 18 луѓе, 130 се наоѓаат на респираторни машини и од 8.646 тестирани имаме 386 новозаразени лица. Најкритично е во Белград, а потоа следуваат Шабац, Крагуевац и Нови Пазар“, истакна премиерката.

Според неа, ова е резултат на недисциплината од пред пет-шест дена, а резултатите од протестите ќе се видат за три-четири дена.

Меѓу 150 и 200 Ковид пациенти во Белград дневно имаат потреба од болничко лекување, а од тоа, 10 отсто се за прием на Одделите за интензивна нега, изјави денеска директорот на белградската Клиника за инфективни и тропски болести Горан Стевановиќ.

Пред новинарите во Белград тој изјави дека сега во болниците пристигнуваат пациенти со потешка клиничка слика, чие лекување трае подолго. Стевановиќ вели дека здравствените установи во Белград на дневно ниво од болница отпуштаат по 60 до 70 пациенти, а дневно примаат меѓу 150 и 200, што значи дека српската престолнина секој ден е во недостиг на нови близу 100 места во ковид болниците.

Лабораторијата на Институтот за јавно здравје на Црна Гора анализирала 468 примероци од кои 58 биле позитивни на новиот коронавирус.

„Во Црна Гора имаме сериозна ситуација, со сериозен број на заболени“, изјави директорот на Институтот за јавно здравје и член на Националното координативно тело, Бобан Мугоша.

Тој истакна дека таквата ситуација е очекувана по епидемиолошкото „затишје“.

Од почетокот на јуни вкупниот број на регистрирани случаи изнесува 753, а потврдени се 10 починати лица. Бројот на моментно активните случаи е 733 луѓе.

Во изминатите 24 часа во Грција регистриран е зголемен број позитивни случаи на COVID-19, од кои повеќето кај туристи.

Националната организација за јавно здравје на Грција, соопшти за 60 новозаболени лица, од кои 40 се по направените тестови на влезните точки во земјата, со што бројот на заразени се зголеми на 3.732 лица.

Во последното деноноќие во Албанија регистриран е нов негативен рекорд во однос на бројот на новозаразени со COVID-19.

„Од направените 420 тестови, позитивен резултат е добиен кај 90 лица, што е највисока бројка во едно деноноќие досега. Меѓу новозаразените е и косовски граѓанин кој бил на одмор во Драч. Истовремено, излекувани се 43, а починаа две лица, соопшти Министерството за здравство и социјална заштита.

Од 9 март кога беа регистрирани првите два случаја кај татко и син, кои се вратиле од Италија, досега направени се 3.513 тестови, позитивен резултат е добиен кај 3.278, закрепнале 1.875, а починале 85 луѓе.

Активни на болеста се 1.318, од нив 81 се хоспитализирани на Инфективната клиника во Тирана, од нив 11 се наоѓаат во серозна, а петмина во многу тешка здравствена состојба.

Поради зголеменот тренд на лица кои треба болнички да се лекуваат, највено е отворање на уште една ковид-болница, додека по предлог на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, Владата се очекува да донесе одлука со која носењето заштитна маска ќе биде задолжително, а ќе се воведе и парична казна за оние кои не ја почитуваат мерката за носење маски. вт

Во Хрватска денеска се регистрирани 116 новозразени со COVID-19, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на епидемијата и воедно, првпат бројот на новодијгностицирани е троцифрен. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.038, соопшти Кризниот штаб.

По средбата со научниот совет и Штабот за цивилна заштита во Владата, хрватскиот министер за здравство Вили Берош рече дека сега се разгледуваат многу мерки, но и многу построги услови за влез во земјата. Тој рече дека се размислува и за задолжително носење маски во одредени продавници или угостителски објекти, но дека сето тоа детално ќе биде објавено во текот на денот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе