Рекордно висока температура измерена во Долината на смртта

Во националниот парк Долината на смртта во Калифорнија, САД измерени се 54,4 степени Целзиусови, што е рекордно висока температура на Земјата откако се води веродостојна евиденција.

Националната метеоролошка служба на САД ја потврди измерената температура од 130 степени по Фаренхајтовата скала што се користи во САД.

Рекодната температура беше регистрирана среде топлотниот бран што го зафати Западниот брег на САД, каде се прогнозира дополнително покачување на температурите во текот на неделава.

Пеколните временски услови завчера предизвикаа дефекти на електрана што резултираа со дводневен прекин на снабдувањето со електрична енергија во Калифорнија.

Кој беше претходниот рекорд?

Вчерашниот рекорд од 54,4°C беше измерен во Фурнас Крик во Долината на смртта. Претходно, највисоката температура некогаш измерена на Земјата беше 129,2 степени по Фаренхајтовата скала, односно 54°C, исто така измерена во Долината на смртта, во 2013 година.

Еден век претходно, исто така во Долината на смртта, наводно биле измерени 124 степени по Фаренхајт (56,6 степени Целзиусови), но тоа мерењ е оспорувано. Некои современи метеоролози сметаат дека пред 100 години била направена грешка во мерењето таму и на неколку други места низ светот каде биле измерени локали рекордно високи температури.

Според анализата на метеоролошкиот историчар Кристофер Барт од 2016 година, се оспорува уште еден рекорд – измерените 131F(55°C) во Тунис во 1931 година. Барт вели дека за ова мерење, како и за сите други мерења направени во Африка во колонијални времиња, тешко е да се најде кредибилна потврда.

Кои се последиците од топлотен бран?

Метеоролошката служба го дефинира топлотниот бран како период од два до три дена со многу жешко и влажно време и температура над 90F (32°C).

Центарот за контрола и превенција на болести на САД нагласува дека повеќе луѓе умираат како последица на топлотни бранови отколку од која било друга временска непогода во земјата.

Покрај оптоварувањето на електричната мрежа и прекините на напојување со електрична енергија, есктремната жештина може да приземји авиони, да стопи асфалт и да предизвика загревање на внатрешноста на автомобилите до нивоа опасни за луѓето и животните.

Топлотните бранови исто така може да имаат погубни последици за земјоделието, од пресушување, поттикнување наезда од инсекти, до пожари.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе