Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Реквизитерката Хана Гутиерес-Рид, која беше задолжена за оружјето на снимањето на „Rust“, е осудена на 18 месеци затвор за убиството на снимателката Хејлин Хачинс.

Имено, реквизитерката минатиот месец беше прогласена за виновна за убиство од небрежност на снимателка, која беше застрелана од актерот Алек Болдвин во 2021 година на сетот на филмот „Rust“. Според судскиот извештај, таа ја добила максималната можна казна.

„Не слушнав дека преземате одговорност во вашите изјави. Рековте дека ви е жал, но не и дека ви е жал за она што го направивте. Сами го претворивте безбедното оружје во смртоносно оружје“, рече судијката Мери Марлоу Сомер при објавувањето на казната.

Според странските медиуми, Гутиерес-Рид немала видлива реакција на казната. По изрекувањето на пресудата таа беше изнесена од судницата.

Пресудата доаѓа повеќе од две години откако Хачинс (42) беше убиена на 21 октомври 2021 година од вистински куршум испукан од пиштол што го држеше актерот Алек Болдвин. Во престрелката беше повреден и режисерот на филмот.

Сепак, иако Болдвин пукаше, Гутиерес-Рид беше одговорна за безбедноста и складирањето на огненото оружје на снимањето. На судењето утврдиле дека таа го прекршила протоколот за безбедност и несовесно постапувала при извршувањето на должноста, што довело до смрт на снимателката.

Нејзиниот адвокат Џејсон Боулс тврди дека 26-годишната девојка е „жртвено јагне“ за безбедносните пропусти на менаџментот на филмскиот сет и другите членови на екипажот. Тој бараше Гутиерес-Рид да биде на условна казна, бидејќи таа нема криминално досие. Но, бидејќи не ја добија посакуваната казна, адвокатот за медиумите изјави дека планираат да се жалат.

Алек Болдвин исто така е обвинет за убиство од небрежност и се очекува да му се суди во јули. Тој се изјасни за невин и тврди дека не го повлекол чкрапалото од огненото оружје.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе