Новиот електричен Renault Scenic ја освои престижната титула Европски автомобил за 2024 година. Победникот на натпреварувањето беше прогласен на салонот во Женева, а трета година по ред оваа титула ја освојува електричен модел.

Renault Scenic E-Tech, новиот електричен модел на француската марка, е прогласен за автомобил на годината во Европа. Интересно е што оваа награда трета година по ред ја добива електричен автомобил.
Scenic E-Tech доби 329 гласови од жирито, а францускиот модел доби и 22 гласа за најдобар автомобил од останатите финалисти. Ова е седми пат како модел на Renault ја добива оваа престижна награда.
На второто место се најде BMW серијата 5, која доби 308 гласови од жирито, од кои 19 беа од конкуренцијата меѓу финалистите. Подиумот го комплетираше новиот Peugeot 3008, со вкупно 197 гласови и 3 гласа за најдобар автомобил од останатите финалисти.
Други автомобили кои се пласираа во овогодинешното финале беа: Kia EV9 (190 поени), Volvo EX30 (168 поени), BYD Seal (131 поени) и Toyota C-HR (127 поени). Од седумте финалисти, четири автомобили беа целосно електрични, вклучувајќи го и, се разбира, победничкиот модел. Жирито на овогодинешното издание беше составено од 58 членови од 22 земји.
Минатогодишниот победник беше Jeep Avenger.