Необично долгата маса на која рускиот претседател Владимир Путин инсистираше да се одржи средбата со светските лидери всушност била мерка против COVID-19, пишува The New York Times.
Намената на смешно долгата маса за состаноци била да се обезбеди соодветна далечина меѓу Путин и посетителите на 5 метри, како мерка за превенција од зараза со новиот коронавирус. Масата е задржана дури и откако повеќето земји ги ублажија мерките за дистанцирање.
Весникот наведе пример на гостин кој се сретнал со Путин во 2021 година и за New York Times изјавил дека минал 3 дена во карантин пред средбата со Путин на долгата маса. За да се намали далечината на масата бил потребен подолг карантин.
Путин на истиот начин се сретна со Емануел Макрон, како и со Антонио Гутереш.
Во текот на интервју со Дејвид Летерман, украинскиот претседател Володимир Зеленски се исмејуваше со масата на Путин.
„Толку си го сака животот што дури и бира да седи на таа смешно долга маса. Се плаши дека ќе се зарази од ковид или друга инфекција“, изјави Зеленски.
Долго време се шпекулираше дека долгата маса е мерка против ковид, а сега изгледа дека тоа е навистина така, пишува американскиот весник.