Ретка книга со траги од арсен пронајдена во англиска библиотека

Ретка книга која содржи траги од смртоносниот арсен е пронајдена во библиотека во градот Лидс во централниот дел на Англија, пренесува BBC.

Станува збор за книгата „My Own Garden: The Young Gardener’s Yearbook“ објавена вои 1855 година. Нејзините корици се со живописна зелена боја која содржи арсен, тежок метал кој во поголеми количини може да биде смртоносен.

Ријан Ајзек, виша библиотекарка, го видела насловот на оваа книга во меѓународната база на отровни списи. Било направено и тестирање за набрзо да се знае колку точно арсен содржи книгата.

Целта на проектот The Poison Book Project, кој го покрена Меѓународниот институт за конзервација во САД, е да открие различни изданија на историски книги при чие штампање биле користени опасни материјали и тешки метали, како арсен.

„Овој проект е важен и како за помош на библиотеките ширум светот да соработуваат и да откријат како и кога вакви книги биле штампани, како и кои чекори треба да ги преземат за да да се грижат за нив“, рече Ајзек.

„Неверојатно, тешки метали некогаш бил биле во производството на книги како начин за да се добие естетски убава зелена нијанса, а иако луѓето биле свесни дека материите како арсен се штетни, веројатно не знаеле дека постојат начини на кои можат да ги внесат во организмот“, додаде таа. Инаку, во книгата има совети за млади градинари.

Посветата внатре во книгата вели дерка извесна Керолајн Гот ја добила од татка си Вилијам во 1855 година. Двајцата се членови на фамилијата Гот од Лидс која била позната по трговијата со волна.

„Фактот што книгата му припаѓала на семејството Гот само значи дека е дел од историјата на Лидс и дека со внимателна грижа може да остане дел од нашата колекција“, вели библиотекарката.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе