Ретко кој ги изгледал до крај: Седум најстрашни серии на Netflix

Netflix има неколку добри хорор серии во својот каталог, а на листата најстрашни серии има и психолошки трилери.

Некои од сериите на оваа листа се толку страшни, што корисниците на стриминг платформата велат дека не можеле да ги изгледаат до крај од страв.

Меѓу сериите има такви базирани на вистински настани, како што е криминалната серија за злогласниот масовен убиец Џефри Дамер, како и екстремно страпни трилери како The Watcher, а има и класични хорори како Haunted.

Кои од сериите на оваа листа сте ги изгледале?

Dahmer - Monster: The Jeffery Dahmer Story
Remote video URL

Оваа серија има десет епизоди во кои ја раскажува приказната за масовниот убиец Џефри Дамер, од гледна точка на неговите жртви. Серијата исто така ги открива пропустите во системот на САД тогаш и колку грешки биле направени во истрагата. Оваа серија, покрај грозоморната приказна, содржи и сцени на канибализам, некрофилија и насилство, поради што е позната како една од најстрашните на Netflix.

Haunted
Remote video URL

Оваа серија која има дури три сезони е базирана на искуства на луѓе кои наводно доживеале паранормални настани, а во неа има доста страшни сцени. Оние кои ја гледале коментирале на Twitter дека ќе ja паметат до крајот на животот.

The Watcher
Remote video URL

Ова не е класичен хорор, туку трилер. Заплетот се врти околу брачна двојка која се вселува во стара куќа, а цело време ги напаѓаат морничави соседи и ги брка мистериозен човек, чиј идентитет е вистинска мистерија.

The Haunting of The Hill House
Remote video URL

Многумина велат дека ова е можеби најстрашната серија на Netflix. Станува збор за серија базирана на романот на Ширли Џексон и содржи многу морничави сцени, демони, духови и разни сеништа.

Ratched
Remote video URL

По својата премиера во септември 2020 година, оваа серија го зазеде првото место на листата на Netflix на најгледани филмови и серии. Станува збор за психолошки трилер во кој актерката Сара Полсон го игра ликот на Милдред Рачед, садистичка медицинска сестра од романот One Flew Over the Cuckoo's Nest од Кен Кеси. Во серијата има доста насилни, па дури и морбидни, крвави сцени, кои ги вознемирија гледачите.

The Haunting Of Bly Manor

Oва е серија со малку побавен развој на заплетот и можеби најдобриот заплет во последните неколку години, барем така велат гледачите. Серијата е базирана на книгата на Хенри Џејмс од 1898 година и не е класичен хорор со многу насилство и акција, туку готска, романтична хорор драма. Но, не може да се каже дека нема многу страшни сцени и страшни откритија овде и таму.

Midnight Mass
Remote video URL

Комбинацијата на религиозни и духовни елементи со еден вид секта и чудовиште кое се храни со крв се покажа како рецепт за добра хорор серија. Заплетот следи човек кој се вратил во својот роден град на малиот остров Крокет, каде што го дочекуваат низа бизарни настани и многу необично однесување на луѓето и локалниот свештеник.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе