РКЕ: Просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти

За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

Како што рече Бислимоски, ако не беа воведени блоковите, оваа цена ќе беше зголемена за 17,74 проценти.

– Во зависност од блоковите, во зима 59,9 отсто од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,6 проценти, додека 35,5 отсто ќе имаат зголемени сметки од 6,6 до 8,8 отсто, 3,4 проценти од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8 до 11,2 отсто и само 1,2 отсто од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4 до 99,5 отсто. Во летниот период, во зависност од блоковите, 77,2 отсто од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 проценти, додека 21,8 отсто ќе имаат зголемени сметки од 6,7 до 8,8 отсто. Само 0,7 проценти од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8 до 11,3 отсто и 0,2 отсто од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4 до 100 отсто, објасни Бислимовски.

Тој подвлече дека блоковите важат само за високата тарифа, а за евтината, напомена, нема блокови и потрошувачката ќе се плаќа врз основа на разлика.

Во сметките, дополни Бислимоски, граѓаните ќе добиваат колку е цената на струјата и колку е мрежарината, односно збир од активната енергија и користењето мрежа.

Претседателот на РКЕ соопшти и дека енергетските компании побарале значителни зголемувања на тарифите за нивните услуги, но РКЕ не ги прифатила сите нивни барања и одобрила многу помали проценти.

– Трошоците за набавка на електрична енергија на ЕВН ХОМЕ на годишно ниво се зголемени за 57,4 милиони евра, во однос на планираното од декември 2021 година, заради враќањето на голем број компании и јавни институции од либерализираниот на регулираниот пазар на електрична енергија, заради што ЕВН ХОМЕ мораше да направи дополнителен увоз на електрична енергија во износ од 33,2 милиона евра. Со укинување на кризната состојба, ЕВН ХОМЕ има и дополнителен трошок за обновливи извори за енергија во износ од 9,5 милиони евра. Дополнително, новата цена на електрична енергија што ЕСМ му ја испорачува на ЕВН ХОМЕ е зголемена за 17 отсто, од 41 евра за мегават час на 48 евра, рече Бислимовски. 

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Македонија

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Read more
 

Вести

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Читај повеќе