Роботи за вселенски поправки ќе оживуваат стари сателити, полнат гориво, 3D печатат

Се проценува дека моментално има околу 6.500 сателити во орбитата на Земјата, од кои половина не се функционални.

Во вселената има илјадници сателити кои веќе не се во функција, па сѐ повеќе експерти се интересираат како да ги оживеат неисправните и да ги зачуваат оние што работат.

На почетокот на 2020 година американската армија ги доби таканаречените „Вселенски сили“, специјален огранок на воздухопловните сили кој ќе биде задолжен за некои идни битки во вселената.

Оваа гранка во соработка со голем број компании и научници го создаде проектот SURI (Space University Research Initiative) чија цел е развој на паметни системи за склопување и одржување на сателити во вселената.

Проектот е пријавен под наслов „Разбиравње на парадигмата 'лансирај еднаш, употребувај еднаш'“ што е особено корисно бидејќи голем број сателити се наменети за еднократна употреба, а потоа остануваат да лебди во вселената.

Се проценува дека моментално има околу 6.500 сателити во орбитата на Земјата, од кои половина не се функционални. Тој број може само да се зголемува во иднина, особено со огромните соѕвездија како Starlink, па затоа се потребни решенија. SURI би можел да помогне тука, бидејќи работи на тоа да може да ги оживее мртвите сателити, но и да се грижи за оние кои допрва треба да бидат лансирани.

Идејата е да се направи група роботи кои би ги полнеле објектите во вселената со гориво, би им ги менувале нивните дотраени делови, а се работи и на машина која лансираните делови ќе ги поврзе со функционални сателити, што значи дека ќе се обучува практично да се „произведуваат сателити во вселената“.

Проектот ќе користи достигнувања во областа на вештачката интелигенција, роботиката, 3D печатењето, така што не е невозможно роботите еден ден да печатат сателити и којзнае што друго, далеку од Земјата. Проектот ќе трае од 3 до 5 години, а за развој се планира да се трошат по 1 милион долари годишно.

Ваквите машини ќе бидат многу корисни, особено ако се има предвид дека скршените телескопи и сателити за поправка чекаат човечки експедиции кои не одат толку често во вселената.

Remote video URL
реклама

Вести

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Read more

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more
 

Гик

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе

Tи се игра „змија?“

Читај повеќе

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе