Во неодамнешното интервју за Gazzetta dello Sport, еден од најпознатите актери во филмовите за возрасни, Роко Зифреди, зборуваше за фудбалери кои би можеле да глумат во оваа индустрија.
Овој 59-годишник призна дека не е голем љубител на фудбалот освен кога репрезентацијата на Италија игра на Европско или Светско првенство.
Сепак, Зифреди познава некои од најдобрите светски фудбалери и се согласува дека фудбалот е главниот начин за опуштање на луѓето.
„Фудбалот е најважниот дел од секој Италијанец“, рече Зифреди, кој потоа откри кои фудбалери би можеле да глумат во филмови за возрасни.
„Можам да ги видам Франческо Тоти и Златан Ибрахимовиќ во филмови за возрасни“, истакна Италијанецот.