Rolls-Royce го претстави Phantom Series II

Дури и на најдобрите автомобили во светот одвреме-навреме им требаат подобрувања и освежувања, а истото важи и за Rolls-Royce Phantom.

Phantom Series II пристигна со дискретни промени и подобрувања почнувајќи од напред, каде што решетката Pantheon е поставена исто толку осветлена како во случајот со помалиот модел Ghost. Дизајнот исто така е изменет за да вклучи полирана горна лента која служи како визуелна врска помеѓу LED дневните светла, а има и лента над двата фара.

Потемната хромирана рамка на решетката на ладилникот е одговор на желбите на клиентите, кои сè уште бараа потемен изглед на рамката на шофершајбната и страничните стакла. Овие опции може да се нарачаат за Phanton Series II во стандардни и проширени конфигурации. Предните светла имаат треперлив изглед благодарение на ласерски исечените рамки со ѕвезди.

Најинтересен новитет се можеби лесните бандажи со ретро дизајн, кои им оддаваат почит на диск тркалата од 1920-тите. Редизајнирани се и други комплети бандажи, а има и нов сет на бандажи со триаголни сврзувачки елементи кои можат делумно или целосно да се полираат.

На веќе луксузниот ентериер не му требаше освежување, но има интересен новитет. Клиентите за задните седишта можат да нарачаат ткаенина, додека предните остануваат обложени со кожа. Не е евтин текстил, туку комбинација од италијанска ткаенина со ткаенина од бамбусови влакна. Површината е украсена со апстрактна интерпретација на култната фигурина Spirit of Ecstasy.

Phantom доби малку подебел волан, а промените во внатрешноста вклучуваат апстрактни интерпретации на силуетата на Roll-Royce на контролната табла, која има тродимензионален ефект, како и на некои други места.

Моторот остана ист, па Phantom сè уште работи со 6,75-литарски твин-турбо V12 мотор. Rolls-Royce ќе ја прекине продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2030 година.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе